Русија прогласи победа во повеќемесечната битка за освојување на Мариупол соопштувајќи дека „целосно го ослободиле“ овој пристаништен град откако се предале и последните украински борци кои ја бранеа тамошната фабрика за челик „Азовстал“.
Според информациите кои ги објавија руските власти 531 украински војник го напуштиле местото, а во последните неколку дена вкупниот број на лица кои се предале изнесувал 2 439.
Меѓу заробените борци од „Азовстал“ имаше и 78 жени.
За тоа што ќе се случи со украинските војници, властите од Киев велат дека тие ќе бидат вратени дома во размена со руски војници кои беа заробени од украинските сили. Меѓутоа, за тоа засега нема потврда од Москва.

Украина соопшти дека не прифаќа прекин на огнот и отстапки кон Москва, додека се интензивира руската офанзива во Донбас. Претседателот Володимир Зеленски рече дека руската војска жестоко ги напаѓа градовите Словјанск и Северодоњецк, но одбраната се држи.
„Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Но, иако се водат крвави борби, крајот на оваа војна може да дојде само по дипломатски пат. Руската окупација на украинските територии ќе биде привремена“, изјави Зеленски.












