ТЕРА

REKLAMA???

ОКОЛУ 30.000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО КАНАДА ПОРАДИ ШУМСКИ ПОЖАРИ

Шумските пожари во канадската провинција Алберта продолжуваат да се шират и покрај дождот и падот на температурите, соопштија синоќа властите, пренесува ДПА.

Над 375.000 хектари земја во покраината веќе изгореа, а повеќе од 29. 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Вкупно 31 од 108 активни шумски пожари се надвор од контрола, што ги принуди властите доцна во саботата да прогласат вонредна состојба.

Прогласувањето на вонредна состојба овозможува ослободување на федералните средства за борба против огнот.

Пониски температури и поголема влажност се очекуваат во следните неколку дена, додаде таа. Според Такер, властите побарале помош од соседната американска држава Монтана.