Она што се случи на Косово не смее да се повтори

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шефицата на евродипломатијата Федерика Могерини изрази во Белград жалење поради понеделничките инциденти на Косово и порача дека такви нешта не смеат повеќе да се повторат.

„Она што се случи не смее да се повтори. Европската Унија очекува зачувување на мирот со мудар и воздржан пристап“, истакна Могерини која синоќа се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

По средбата на Вучиќ и Могерини беше објавено соопштение во кое се наведува дека двајцата лидери „на отворен и искрен начин разговарале за најновите случувања и иднината на дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина, со посредување на Европската Унија“.

Се додава дека високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика „изрази жалење поради настаните на Косово“.

Двајцата соговорници се согласија „да најдат нови начини за да се продолжи со работата и со решавањето на проблемите на Белград и Приштина по мирен пат“.

Share.