ОН едногласно изгласаа 30 дена примирје во Сирија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за 30 дневно примирје во Сирија, за да се овозможи доставување на хуманитарна помош и евакуација на тешко болните и ранетите.

Со резолуцијата се повикуваат сите страни веднаш да ги запрат сите судири и да се почитува прекинот на огнот на цела територија на Сирија. Примирјето не ги опфаќа воените операции против Исламската држава, Ал Каеда и другите терористички групи. Советот требаше да гласа за резолуцијата во петокот, но по барање на Русија следуваа дополнителни дипломатски преговори. Москва, сметаше дека текстот не гарантира дека коалицијата предводена од САД и милитантите кои ги контролира ќе го почитуваат примиријето.

Според сирискиот центар за набљудување на човековите права, повеќе од 500 цивили се убиени во седумдневното бомбардирање на бунтовничкиот бастион во Источна Гута. Од нив, повеќе од 120 биле деца.

Share.