“Операта на шумските животни” пред учениците од ОУ Климент Охридски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес во ОУ Св. Климент Охридски Битола, се одржa детската, интерактивна, музичко-драмска претстава “Операта на шумските животни” во изведба на групата Триангл од Скопје.

Младински културен центар – Битола во соработка со ОУ “Св. Климент Охридски” Битола и со групата Триангл од Скопје го реализираат овој настан со цел  афирмација на оперската музичка култура во функција на запознавање и доближување на истата кај младата популација;  презентација на музичкото творештво со стилска и жанровска разновидност на еден поинаков, иновативен и интерактивен пристап на презентација;  едукација и анимација на нова музичка публика – децата;

Групата Триангл е неформална група од Скопје составена од професионални оперски пеачи, сценарист и режисер. Групата Триангл во период од 6 години од своето постоење има реализирано преку 730 проекти.

Овој настан е дел од низата активности кои ги реализира МКЦ – Битола во насока на развој на публика.

Настанот е поддржан од Министерство за култура од програмата Нов културен бран.

Share.