Опожарени 20 хектари шума кај Ресен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Центарот за управување со кризи денеска информира дека од Противпожарната единица на  Ресен известуваат дека од вчера од 13:40 часот има активен пожар на ниско стеблеста дабова и борова шума  во атарот на с.Лева Река м.в.Острец, во општина Ресен.  ТППЕ Ресен интервенирала со 3 противпожарни  возила и 6 пожарникари, ШС „Преспа Дрво“ со 10 вработени и 10 лица од месното население. Опожарени се околу 20 хектари, а причина за пожарот е скинат електричен вод. Екипите се повлечени од терен, а денес во утринските часови ќе се интервенира со околу 20 лица од ПШС Преспа Дрво и од ТППЕ – Ресен.

фото: илустрација

Share.