Опозицијата победи на изборите на Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Самоопределување и Демократската лига на Косово победија на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово. Според скоро сите пребројани гласови.

Самопределување доби 26 проценти, додека Демократската лига 25 насто од гласовите. Демократска партија на Косово која доминираше на политичката сцена над една деценија се пласира на третото место, добивајќи 22 насто од гласовите. Четврта е Алијансата за иднина на Косово предводена од поранешниот премиер Рамуш Харадинај со 11, 6 проценти. Лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека ќе формира влада со тоа што ќе коалицира со Демократската лига. Десет од 120 места во парламентот се резервирани за етничките Срби кои според изборните резултати ги добила Српската листа. Уште десет места за другите малцинства.

slobodnaevropa.mk

Share.