Опозицијата ја напушти седницата на Советот на општина Битола

0
3886

Советниците од опозицијата во Советот на општина Битола ја напуштија денешната седница во знак на протест против притворите на лица за настаните на 27 април во Собранието на Македонија и во знак на нивна поддршка го развиорија Македонското знаме пред говорницата во Советот на Битола.

Денеска на дневен ред на петтата седница на Советот на општина Битола е одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.

Во салата останаа советниците од мнозинството и двајцата советници од ПОИНАКУ.