Опра Винфри со моќен говор на „Златните глобуси“

0
660

Опра Винфри објави „нов ден“ за жените и девојките кои биле подложени на сексуално малтретирање од влијателни мажи во силен говор на церемонијата на доделувањето на Златен глобус. 63-годиишната Винфри, чие претходно ток-шоу го отвори патот на исповед на телевизија и ја направи милијардерка, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело.

Опра Винфри оддаде почит и на Риси Тејлор – афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“.

„Сакам да им честитам на сите жени кои молчеле со години затоа што имале семејства да прехранат и соништа да достигнат, исто како и мојата мајка. Има такви жени за кои никогаш нема да дознаеме. Тие работат во фабрики, во ресторани, студираат, работат во болници, се занимаваат со наука, со политика и бизнис, служат војска… Затоа, сакам да им порачам на сите жени и девојки кои слушаат – знајте, нов ден е на повидок и кога тој ден ќе дојде, тоа ќе биде поради сите оние моќни жени, како и поради феноменалните мажи, кои се изборија да кажат ‘и јас исто така‘ кога никој друг не се осмели.“

„Затоа сакам сите девојки кои не гледаат сега, да знаат дека на хоризонтот се појавува нов ден“, посочи Винфри.

Таа продолжи да говори за слободата на медиумите:

„Знам дека печатот е под притисок во последниов период. Исто така, знаеме дека е напорна работа да се открие вистината што не прави слепи за корупцијата и неправдата“, додаде Опра.