Општината ги повика доверителите да ги пријават побарувањата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +


„Се повикуваат доверителите на Општина Битола и доверителите на единките корисници основани од Општина Битола , од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Денот на објавувањето на Јавниот повик не се засметува во рокот.
Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.
За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплата на доспеани, а неплатени обврски имаат обврските кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:


-Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Битола, корисници основани од Општина Битола, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита и доверителот,
-Фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
Општината може да побара дополнителна документација која е во интерес на постапката.
-Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница поднесителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, поднесителите може да ја подигнат од архива на Општина Битола или да ја превземат од веб-страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците ,,Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Битола и доверителите на единките корисници основани од Општина Битола од областа на културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени на веб-страната на Општина Битола.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта ( улица Булевар 1ви мај број 61, 7000 Битола) или лично во канцеларија на архива на Општина Битола (од 8:00 до 16:00 часот секој работен ден), со назнака “За Јавен повик за пријава на доверители”.
Ненавремени пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Битола ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Битола ќе постапи согласно Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (Службен весник на РМ бр.209/18), стои во јавниот повик.


Share.