Општината имала пари за обнова на Копанки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер.

По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение.

Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиотдом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот.

Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности.

Ова е во директна спротиставеност  со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови:

Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом Копанки бил и морал да остане во државна сопственост на државата, рече советникот од СДСМ Методија Илиевски.

Share.