Општината и пензионерите потпишаа Меморандум за соработка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалничката на Битола и претседателот на Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот беше потпишан со цел унапредување на правата на пензионерите и подобрување на состојбата во сите свери од општественото живеење од една страна, и надлежностите и можностите на локалната самоуправа согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Битола од друга страна.

„Како рекле: Онаму, каде што е искуството, таму е и мудроста. Дефинитивно, во ова Здружение гледаме голем потенцијал во делот на идната соработка, токму потпирајќи се на нивното искуство. Затоа овој меморандум, меѓудругото опфаќа и вклучување на пензионерите во низа активности на општината, вклучување во активностите на Советот, во програмите кои што ги изготвува Општина Битола, меѓутоа не само тоа, туку и овозможување на олеснителни околности за нивните активности, што е пак поврзано со месните заедници, кои што ги има како објекти во Општина Битола. Исто така, бидејќи општината е збратимена со многу градови ширум светот, ова отвора можности, онаму каде што имаме збратимувања со градовите, воедно да ја прошириме соработката и на ниво на пензионерски здруженија”, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Ова е прв пат општина Битола и здружението на пензионери да потпишат ваков меморандум. Потписниците на меморандумот ќе се залагаат и за понатамошен развој на условите за живот на пензионерите преку превземање на активност за регистрирање на старите и изнемоштени лица, со можност за нивно сместување во Старските домови . Потписниците се обврзаа за преземање на активности за решавање на статусот на пензионерскиот дом Хотел Битола и давање на намена за сместување на пензионери, потоа старите и изнемоштени лица преку волонтери од Црвениот крст да се снабдуваат со прехрамбрени производи, лекарски прегледи и лекови. Меморандумот предвидува и вклучување на пензионерите во планирање на локалните политики користејќи го нивното долгогодишно работно искуство, како и взаемно информирање и комуницирање за активностите на општина Битола и Здружението на пензионери и одржување на заеднички средби за разгледување на прашања од взаемен интерес.

„Ова за Здружението на пензионери е голем ден. Првпат, Здружението на пензионери, потпишува ваков Меморандум со локалната самоуправа, за таа работа и се заблагодаруваме на градоначалничката Наташа Петровска и сметаме дека соработката ќе продолжи уште во посилен ек и се она што е предвидено со Меморандумот и ќе го исполниме. Ние сме ново раководство на Здружението на пензионери на Битола и сметаме дека ќе имаме одлична соработка со локалната самоуправа. Ќе учествуваме секаде таму каде што се работите од интерес за пензионерите и сметаме дека Општината Битола, тоа ќе го направи во заедничка соработка со нас”, изјави Томе Димитровскипретседател на Здружението на пензионери – Битола.

Содржината на овај Меморандум за соработка меже да се менува и дополнува со писмена согласност на двете страни.

Share.