Општината објави тендер за мерење на загадувањето во Битола

0
414

Општина Битола распиша оглас за јавна набавка за мерење на аерозагадувањето во Битола. Со овој тендер општината бара мерење на нивоа на емисии на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот при согорување во ложишта со топлотна моќ до 1 MW, 20 мерења, потоа мерење на нивоа на емисии на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот при согорување во ложишта со топлотна моќ од 1 MW до 50 MW, 5 мерења, следно е мерење на ниво на емисија на испарливите органски соединенија што се должи на употребата на растворувачи во инсталации за печатење, 10 мерења, и мерење на емисии на испуштање отпадни води, 10 мерења.
Проценета вредност на оваа јавна набавка без ДДВ е 381.355,93 денари. Рокот за поднесуавње на понудите за овој тендер е најдоцна до 22.03.2018.  Еден од критериумите за доделување на договор е најниска цена.