Општината презеде постапки за одземање на парцели на кои што им поминал рокот за градба

Градоначалничката Наташа Петровска информираше дека општината почнала постапка за одземање на парцели во градот каде што не се инвестирало и небиле испочитувани роковите за градба .

„Во различни делови од градот и во Жабени се купени парцели низ низа постапки кои што согласно законските определби треба да почитуваат одредени рокови и во почетокот на изградба на градба и во динамика на истата. Општината има преземено не само за Жабени туку и во други делови на градот онаму каде што законските одредби го наложуваат тоа, постапки на враќање на парцелите кои што исто така имаат целосна процедура како треба да се одвиваат. Некои од нив се во тек, како ќе завршат сепак зависи од други истанци, затоа што општината е таа која што бара, меѓутоа други истанци треба да го кажат своето мислење околу тоа и која би била завршницата. Жалам што во минатото се случувало да бидат давани низа парцели кои што очито не биле со намера да бидат искористувани во насока на изградба на стопански капацитети или било какви други градежни капацитети, којшто би значеле развојна компонента на општината и којшто не довеле сега во ваква ситуација која исто така одзема време во ослободување на тие парцели за потоа истите да бидат искористени“, рече градоначалничката Петровска.

Сподели