ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ЈА ЗАБРЗАЛА ДИНАМИКАТА ЗА НОВАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЗГРАДА

Од Општина Битола велат дека со забрзана динамика, продолжуваат активностите за изградба на новиот противпожарен дом, еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа и градоначалникот Тони Коњановски.

Целосно е отстранет стариот руиниран објект на негогашниот армиски магацин на просторот на поранешната касарна. Со ова создадени се потребните услови за започнување на комплетно новата градба со површина од 1600 м² .

Објектот ќе биде во согласност со современите стандарди, правила и прописи за непречено функционирање на противпожарната единица која ги покрива општините Битола, Новаци и Могила, а пожарникарите од најстарата противпожарна единица на Балканот, конечно ќе добијат услови за работа, какви што навистина заслужуваат, се вели во сиоопштението на Општина Битола.

фото: Општина Битола