Општината ја расчистува обиколницата над Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Комуналните јавни претпријатија од градот заедно со општина Битола почнаа со чистење на ѓубрето на обиколницата над Битола на регионалниот пат Прилеп-Битола-Ресен, вака напиша на својот фејзбук профил градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

„ЖИВОТНА СРЕДИНА
Може да биде лошо може убаво. Сами го носиме по нас и околу нас. Акцијата за садење елки продолжува. Изгледа убаво. Се чисти и ѓубрето од магистралниот пат иако не е надлежност на јавните претпријатија. Ама никогаш, баш никогаш не може толку брзо да се зачисти колку што може да се извалка“, напиша Петровска на својот фејзбук профил.

Само пред два дена градоначалничката Петровска рече дека активностите кај обиколницата над Битола се заглавени поради појавата на ново свлечиште, а неизвесно е кога ќе биде отворена за сообраќај. А појавата на ново свлечиште ja  наметнала потребата од изработка на нова проектна документација.

Инаку обиколницата над Битола затворена е за сообраќај скоро две години , на што често реагираат граѓаните, како поради грдата слика над градот од расфрлано купишта на секаков вид на смет, како и поради транзитирањето на тешки товарни возила низ центарот на градот, кој што доведуваат и до дополнително загадување на воздухот.

Share.