Општина Битола и ЈП Водовод со неколку донации

0
3093

Подобрување на условите во институциите, збогатување на воспитно – образовниот процес со наставни помагала и нагледни средства, но и грижа за оние на кои истата им е најнеопходна, се само дел од целите кои се реализираат преку донации и други активности насочени кон напредок на животот во општината. Во оваа насока е и денешната донација на ЈП Водовод во соработка со Друштвото за трговија и услуги „Џамбо Пет”и Општина Битола.

„Денес сме во Кукуречани. Ќе посетиме и други три локации, а тоа ќе бидат: Клиничката болница, детска градинка и едно социјално семејство. Во склоп на оваа донација ЈКП Водовод, кое работи во интерес на граѓаните, издвојува средства кои ги донира за граѓаните, помага и на здруженија и на поединци. Денес, во соработка со приватната компанија „Џамбо Пет” која изрази желба да донираме заедно четири ТВ уреди сме тука и заедно со Општина Битола, одлучивме, бидејќи тие најдобро ги знаат проблемите на сите во градот Битола, одлучивме заедно да ја поделиме оваа донација”, изјави Горан Козаров, директор на ЈП Водовод – Битола.

„Посебно ми е задоволство кога се наоѓам во вакви средини, каде што се младите. Отсекогаш сум говорела и ценам дека тоа треба да биде политика на локалната самоуправа, да вложува во младите и во условите во кои тие се едуцираат. Денес, донираме една карта и телевизор во ова училиште, со што всушност сакаме да ги подобриме условите и да покажеме дека оваа е насоката во која треба да се движиме во следниот период. Очекувам, дека ваквата денешна иницијатива нема да биде само импулс повеќе за општината како треба да работи, туку и за сите стопанственици, кои треба да се вклучат во оплеменувањето на условите на нашата иднина, односно на генерацијата која ќе ја создава таа иднина”, изјави м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Денешната посета на местата во кои се распоредуваа донациите, започна од ЦОУ Александар Турунџев во село Кукуречани, а директорката на училиштето Бранка Лазаревска и учениците кои со топол поздрав ги пречекаа донаторите, изразија голема благодарност за донацијата.