ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНА БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР СЕ САКА И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва во Битола не успеаа да ја добијат битката за првото место во ракометната супер лига со ривалот Вардар од Скопје.

Во соопштението на општината се вели дека битолчани уште еднаш покажаа дека ова е ракометен град, а на трибините беше и градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и советниците од битолскиот Совет.

Од трибините одекнуваше целосната поддршка за Еурофарм Пелистер, а навивачите, во препознатливата зелено-бела боја, испратија порака дека Пелистер се сака и кога победува и кога губи.

Поддршката за битолските ракометари е најважна во нивните настапи, а спортската сала „Боро Чурлевски“ беше исполента до последното место, како што доликува на ракометна Битола.

На натпреварот му претходеше целодневен настан, Фан зона на платото на Офицерски дом во Битола.

Организаторите РК Еурофарм Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола, пред натпреварот подготвија голем ракометен хепенинг и отворена Фан зона, од каде натпреваорт се следеше на голем видео-бим