Пожарникарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари.
Од Општина Битола велат дека состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување.
Екипите остануваат на терен се до комплетно ликвидирање на пожарот.
Синоќа градоначачникот на Битола, Тони Коњановски ги посети пожарникарите над Раштани.
„И вечерва сум со ТППЕ Битола над населеното место Раштани. Од лице место се информирам за состојбата со пожарот кој ја зафати Битола.
Сакам уште еднаш да упатам благодарност за пожртвуваноста на ТППЕ Битола, доброволците и вработените во јавните претпријатија кои активно се борат со пожарот“ рече Коњановски.