Општина Новаци го прослави својот роденден

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со свечена седница на совет заедно со своите соработници општина Новаци денеска прослави 22 години постоење. На свечената седница која што се одржа во Младинскиот културен центар свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузмановски. Во своето обраќање тој ги нагласи проектите кои што општината ги има реализирано во изминатите години, посебен акцент стави на понатамошниот развој на општината и како што рече во иднина со добро менаџирање ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.

– Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 22 години постоење.Општината важи за една од најдобрите и најуспешните рурални локални самоуправи во државата. Со посветеност и макотрпна работа тоа темпо уште повеќе ќе го надоградуваме и развиваме , се со цел да им го зголемиме квалитетот на живот на нашите жители и да ја направиме општината подобро и поубаво место за живеење, изјави Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот на своите соработници и пријатели, поддржувачи на работата на општината им додели благодарници на: ЕЛЕМ, РЕК, ФОД, УЈП,Македонска пошта, ЦУК, МВР, ПЗУ Даскал, ДЗС, и на голем број медиуми.На спортските амбасадори , сестрите близначки Ана, Марија и Атанасија Момоковски им беа доделени благодарници за спортските достигнувања во карате.

-Заедно со подружницата РЕК Битола како општествена одговорна компанија секогаш го помагала регионалниот и рамномерен развој,посебно во Општина Новаци, бидејќи нашето седиште е и овде во Новаци. Сме помагале и секогаш ќе помагаме во делот на еконосмкиот дел, вработувањата и секако дека ќе се грижиме и за еколошкиот аспект, морам да издвојам дека изминатиот период ЕЛЕМ со одлука од управниот одбор донираше прочистувачи за водух за Општина Новаци за кои што треба да се постават во училиштата и градинките, секогаш ќе им излегуваме во пресрет, изјави Васко Ковачевски директор на РЕК Битола.

По повод денешниот ден беше организиран и отворен ден во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

Share.