Ораторска конференција на Славјанскиот универзитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На Меѓународниот Славјански универзитет во Битола се одржа четвртата конференција по ораторство. И годинава ја организираше Правниот факултет на овој универзитет. Гости од јавниот живот, политичари, општествени работници беа дел од публиката.

Говори на светски познати личности беа инспирација  за студентите да ги покажат своите ораторски вештини.

За овој ораторски натпревар интерес имало и кај средношколци, но годинава решиле тоа да биде за студенитете на овој универзитет.

До година по примерот на Славјанскиот универзитет во Македонија, во Бугарија ваков натпревар ќе организира и Филозовскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Велико Трново.


Од студентите, добар настап очекува и професорката од Југозападниот универзитет Неофит Рилски од Благоеврад, Република Бугарија, која заедно со нејзината колешка од универзитетот во Велико Трново беа дел од овој настан.

Во првиот ред и градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на Советот Валентин Груевски и други политичари кои ја следеа оваа ораторска конференција во Битола.

Share.