Организацијата на жени избира кул битолчанки

0
2537

„Еден друг вид на учители“. Уште еден настан во Битола посветен на денот на жената а го организираа националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола и Организацијата на жени.

Целта на овој настан беше спој помеѓу поранешните и сегашните наставници, учители, професори преку нивните искуства во својата работа со учениците. А таму беше и поранешната професорка а сега градоначалничка на битола.

Според Организацијата на жени, ова е начин на Денот на жената да се вреднуваат нејзините квалитети, а не тој да помине со прослава по кафеани.

За нај-“cool“ политичарки признанија добија градоначалнилките на Битола и Могила, м-р Наташа Петровска и Јасмина Гулевска.

И меѓу кул битолчанките беа избрани и учителки како Весела Богдановиќ, Тања Грегова, кул професорка Лидија Анастасовска од средното Економско училиште. Кул мајка Пандора Попова, жената која го дари бубрегот на својата ќерка.

Кул докторка Ненси Лозанче од Интервентната кардиологија во битолската Клиничка болница, за која организаторите рекоа дека и дење и ноќе спасува животи на битолчани.

Кул медицинска сестра Мимоза Секуловска од Одделението за нуклеарна медицина, која дури и телефонски ги потсетува пацинетите кога ќе им дојде терминот за преглед, да не го испуштат.
За нај-“cool“ куварка Весна Алачковска, нај-“cool“ новинарка Жанета Здравковска, нај-“cool“ планинарка Илинка Ристевска која есента рамо до рамо со мажите го гасеше пожарот на Пелистер.

Посмртно признание и беше доделено од Организацијата на жени на ќерката на Билјана Опашинова, која беше борец и активист за женските права.

Сите кои помогнаа да се реализира настанот „Еден друг вид на учители“, добија благодарници од страна на Организацијата на жени, а учениците и учителите од ОУ ,,Св. Климент Охридски“ – Битола се претставија со своја мала театарска претстава.