ТЕРА

REKLAMA???

ОСВЕН НА СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА И НА ИНСЕКТИТЕ

Во овој период од годината убодите од комарци, оси, пчели, пајаци и други инсекти се честа појава, особено ако се престојува во природа.Во летниот период освен на сончевите зраци треба да се внимава и на инсектите, советуваат лекарите. Посебно треба да се внимава кога се движиме низ парковите и шумите. Со цел да се заштитиме треба да носиме соодветна облека, вели др.Васе Николовска, од Итната медицинска помош во Битола.

Ако најдете крлеж во кожата најдобро е да побарате стручна медицинска помош, советува др. Николовска.

Втор ден е државава во портокалова фаза. Синоптичарите и за денеска прогнозираат екстремно топло време со температури кои на места ќе достигнат 42 Целзиусови стepenи.Во Битола максималната темепратура до 38 степени. И за денеска важат препораките од надлежните меѓу кои да се избегнува престој на отворено од 11 до 17 часот и од работа да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години. Лекарите советуваа да се пијат многу течности, тоа да биде најчесто вода, да се избегнува тешка и мрсна храна, повеќе да се конзумира овошје и зеленчук кој претходно треба да биде добро измиен. Др.Николовска советува клима уредите да се користат правилно.

Информацијата од синоптичарите е дека Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10. Портокаловата фаза, според прогнозата, ќе трае до 16 јули.