Османи утре ќе има средба со Коѕијас во Атина

0
275

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе замине во работна посета на Атина.

„Во рамките на посетата Османи ќе има одвоени средби со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос, каде што ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија“, соопштија од неговиот Кабинет.