Осми интернационален детски театарски фестивал „Битолино“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 1 – ви до 3 – ти октомври, Битола беше домаќин на осмиот интернационален детски театарски фестивал „Битолино“. На сцените во битолскиот театар настапија ансамбли од Русија, Турција, Франција и секако Македонија, најмладата публика имаше можност да се запознае со театрите и културата на овие држави преку тетатрска игра. Фестивалот се отвори со детската престава „Приказна за тркалото“ на детскиот театар „Бабец“ кои воедно се и организатори на овој интернационален фестивал, од таму истакнаа дека се задоволни пред се од посетеноста на публиката но и тоа како се одвиваше фестивалот.

Гостите од Турција, Русија и Франција беа задоволни од овогодинешното учество но и искуство и најавија следни средби со битолската публика до година токму на овој фестивал.


Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ беше посетен од над 1500 гледачи.

Share.