Осомничениот го призна нападот во училиштето во Флорида

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тинејџерот обвинет дека употребил полуавтоматска пушка за да убие 17 лица во средното училиште во Флорида, призна дека го извршил едно од најкрвавите убиства во училиште во државата и криел дополнителна муниција во својот ранец, според извештајот на шерифот, пренесе АП.

Во извештајот од Канцеларијата на шерифот во округот Бровард се вели дека Николас Круз им кажал на истражувачите дека пукал на учениците во ходниците и приземјето на средното училиште „Маџори Стонман Даглас“ во Паркленд, северно од Мајами.

Круз им кажал на полицајците дека носел повеќе полни шаржери во училиштето и ги чувал скриени во ранецот додека не влегол во кампусот.

Како што студентите почнале да бегаат, кажа тој, одлучил да ја фрли својата АР-15 пушка и елекот што го носел за да може да се вклопи во толпата. Полицијата ги пронајде и пушката и елекот.

Неговата адвокатка Мелиса Мекнеил изјави дека Круз е „скршено човечко битие“.

Адвокатката откако судијата нареди дека Круз ќе биде задржан во притвор без право на кауција, рече дека нејзиниот клиент „е целосно свесен за тоа што се случува“, дека „му е жал и се кае.“

mkd.mk

Share.