Осомничениот за трикратното убиство во Сплит однесен во болница

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

25 годишниот Филип Завадлав, главен осомничен дека го стори трикратното убиство во Сплит е префрлен во болница.

Како што јави дописникот на МИА оа Загреб, тој денеска поради влошената здравствена состојба не бил во можност да го даде својот исказ во сплитското Oбвинителство.

Хрватските власти потврдија дека тој ќе биде прфрлен во затворската болница во Загреб.

Тој не бил во состојба да одговори и пред полицијата веднаш по вчерашното апсење, а според непотврдени информации на затворските чувари само им зборувал за самоубиство.

Според полициски информации во саботата во центарот на Сплит, Завадлав испукал 36 куршуми при што убил тројца млади кои биле на мотори. Во пукањето оштетени се и два автомобила.

Според непотврдени информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми, Завадлав наводно бил на удар на дилери на дрога, поради долг кој го имал неговиот брат. Поддршка на Завадлав му дадоа повеќе граѓани на социјалните мрежи, а социолозите велат дека се работи за губење на вербата во институциите кои треба да ги заштитат граѓаните.

Share.