Остатоци од градби пронајдени во Пазарот

Пронајдени остатоци од градби при ископувањата во градскиот пазар во Битола, за какави градби станува збор ќе кажат експертите од Музејот во Битола, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

„Во ЈП Пазари не се запрени градежните активности. Она што го имавме какао дополнителна ситуација, во самото ископување беа пронајдени подземни остатоци на претходни градби. Музејот од Битола со средства од Општина Битола беше вклучен во испитувањето на значењето на она што се гледа, некаде до средината на следната недела треба да го добиеме нивниот наод. По она што досега го имам какао информација не станува збор за некоја значајна градба која што има посебно културно значење да би стагнирала работата, меѓутоа да сочекаме Музејот да го каже својот завршен збор и она што какао активност на терен го имаме е целокупна подготвеност на екипите за реализација на тој проек, кој што и тоа какао ни е значаен. Знаеме дека тој дел од Пазарот навистина не наликуваше онака какао што битолчани го заслужуваат. Воедно и во долниот дел од Пазарот оние најлони кои што сме биле навикнати да ги гледаме во минатото, веќе е разговарано со директорот во која постапка би биле заменети, така што да кажам дека оваа сезона треба целосно да има нова комплетна слика и попријатен амбиент за пазарење на сите граѓани“, рече Петровска.

Сподели