Битолската полиција соопшти дека на сообраќајниот инспектор од Општина Битола на кој му поднесоа кривична пријава за примање поткуп, определен му е осум дневен притвор.
Како што претходно соопшти полицијата пријавениот во периодот од 12 Април 2023 искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“.












