Осум лица од регионот не го почитувале полицискиот час

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синоќа трета вечер на сила беше полицискиот час. Видеото го направивме нешто пред 22 часот во центарот на Битола, на Широк сокак, „Булеварот 1 мај“, улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“.

Она што можеше да се забележи додека снимавме немаше движење на луѓе и возила низ овој дел на градот.

А имаше надлежни службени лица кои контролираа како се спроведува полицискиот час.

За потсетување, на сила е полициски час на територијата на цела држава, од 21:00 до 05:00 часот. Дополнително владата го ограничи движењето на лицата над 67 години. Забраната за движење за нив е од 11:00 до следниот ден 05:00.

Дополнително ограничување и за лицата до 18 години. Забраната за нив е од 21:00 до следниот ден до 12 часот.

Од денеска и дополнително ограничување. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Според полицијата во периодот од вчера во 7 часот наутро до денеска до 7 часот наутро, на територијата која ја покрива СВР Битола ( Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Крушево и Македонски брод) имало осум лица кои не ја почитувале мерката полициски час. Три лица од Битола, три лица од Прилеп и две од Ресен. Од нив едно лица е до 18 години, три лица над 67 години и 4 лица останати граѓани кои не ја почитувале мерката.

Од полиција информираат дека се приведени четири лица од територијата на СВР Битола.

На ниво на сектор со издадено решение за излолација се 34 лица. Од нив во Битола 11, Прилеп 10, Македонски брод 13, а лица во самоизолација вкупно 347. Од нив во Битола 96, Прилеп 155, Ресен 33, Демир Хисар 18, Крушево 9 и Македонски брод 36.

Share.