Осум нови договори во Еурофарм Работник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги продолжи договорите со неколку ракометари кои ги смета за составен дел од новиот проект. Договор на две години потпишаа Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Градимир Чаневски и Мирко Радовиќ.

Верноста кон вицешампионот на дополнителна една година ја потврдија Милорад Кукоски, Стефан Талески, Михајло Петровски и Благојче Трајковски.

Овој преоден рок битолскиот клуб го засилија Ратајац, Јотиќ, Велковски, Бојан Маџовски, Вегар и Митревски.

Тренерот Алушовски и стручниот штаб првиот тренинг пред сезоната 2019/20 го закажаа за в понеделник 22 јули.

Share.