Отворена нова производствена линија во „Ксенос“ во Демир Хисар

0
4427

Во присуство на министерот за земјоделие Љупчо Николовски денес во фабриката „Ксенос“ во општина Демир Хисар беше пуштена во употреба нова производсвена линија за замрзнување на 2 тони свежи вишни на час. Вкупната инвестиција на производтвената линија изнесува 1 милион евра од кои 450 илјади евра од ИПАРД 2 програмата.

 

Министерот Николовски потенцираше дека новата линија претставува охрабрување за потенцијалните апликанти дека Владата, Министерството и Платежната Агенција биле насочени кон зголемување на искористеноста на ИПАРД средствата. Најави дека во наредните неколку месеци ќе следат нови огласи и повици, кои што ќе бидат навремено најавени, за да можат апликантите да бидат подготвени.

Фабриката „Ксенос“ во Демир Хисар е основана во 1993 година. Работи повеќе од 25 години, со околу 60 вработени. Главната дејност на фабриката е откуп, преработка и продажба на овошје, зеленчук и печурки.  Врши извоз на производството во повеќе држави од Европа како Франција, Германија, Чешка, Швајцарија и Полска, како и во Австралија.

Отварањето на новата линија е добар инпут за економијата во Демир Хисар

Од ИПАРД 2 програмата на земјоделците им стојат на располагање 60 милиони евра.