Отворени се 130 предистраги, меѓу кои и за Никола Младенов, А1 и „Скопје 2014“

0
297

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во  интервју на Tелевизија 24 рече дека СЈО има отворено 130 предистражни постапки, меѓу кои и за загинувањето на Никола Младенов, за телевизија А1 и за „Скопје 2014“.

-Предметот за А1 е во предистражна постапка. Судењето беше обемно, мора се да се изанализира. Ќе има јавно обраќање кога ќе се исдискутира. Има разговори за А1, воспоставена е надлежност и ние го работиме предметот. Имаме преистражна постапка за Никола Младенов. Го работи тим од истражители. Повеќе информации не можам да откријам, рече Јанева.