ТЕРА

REKLAMA???

„ОТВОРЕН КАБИНЕТ“, МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ДЕНЕСКА ВО СВР БИТОЛА

По СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, Камп за обука Лазарополе, како и Центарот за обука во Идризово, „Отворениот кабинет“, проект на МВР кој со неделна динамика започна со реализација на почетокот на овој месец, денеска е позициониран во СВР Битола.

„Граѓаните од подрачјето на СВР Битола, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на СВР Битола да ги презентираат своите идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, да упатат прашање до мене, да го претстават својот предлог за подобрување на работењето на полицијата, да бидат дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста, која нѐ засега сите нас“ рече министерот Оливер Спасовски.

Закажувањето на средбите беше преку телефон или електронската адреса на МВР.

„Во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, преку Отворениот Кабинет да покажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните, а мислењето на секој граѓанин има посебна вредност“ вели тој.

Спасовски беше пречекан со рапорт пред зградата на СВР Битола.

Пред приемот на странки, министерот Спасовски оствари работен состанок и брифинг со раководството на СВР Битола.