Во Центар за поддршка на учењето на децата со попреченост кој што функционира во рамки на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше отворен нов кабинет за психомоторна реедукација. Кабинетот беше опремен од страна на Општина Битола, однсно со средства во висина од 200 илјади денари преку програмата за активности во областа на спортот и младите во делот на адаптација на спортски игралишта и спортски сали прилагодени за лица со попреченост. Кабинетот беше пуштен во употреба од страна на градоначалникот Тони Коњановски и директорот на училиштето Роберт Филиповски.

Отворањето на овај кабинет се случува во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти декември.

Во Центарот со децата работат 13 специјални едукатори и рехабилитатори.

24 ученици наставата ја следат во редовните посебни паралелки, а 21 ученик доаѓаат од другите основни училишта за кои што МКФ има пропишано одредени третмани за посетување во Центарот.












