Отворен повикот за номинирање најдобри спортисти на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Врз основа на одлуката на Извршниот одбор на Сојузот на спортови на Битола, традиционално и оваа година ќе бидат прогласени најдобрите спортисти на Битола, за 2019 година и тоа:

10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 10 најдобри спортисти во младинска конкуренција, 3 најуспешни екипи во сениорска конкуренција, 3 најуспешни екипи во младинска конкуренција, најуспешен спортист по предлог на ССРИ-Битола, двајца професори по физичко образование по предлог на Сојузот за училиштен спорт, посебни признанија за ветерани и клубовим и други спортски работници.

Рангирањето (врз основа на предлозите на членките на Сојузот) ќе се врши согласно со критериумите утврдени од страна на ИО на Сојузот.

Предлозите ( со посебни прилози, дипломи, билтени и сл.) да се достават најдоцна до 31 јануари 2020 година, во просториите на Сојузот, на ул. “Булевар“ б.б., (зграда на поранешниот извршен совет), или на портирница. Во предлогот за се наведе лица за контакт и телефон за контакт.

Share.