Откажани летови, блокирани патници по аеродромите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека укинува над 800 летови денеска, поради штрајкот на вработените во јавниот сектор.

Претходно синдикатот Verdi ги повика на штрајк државните службеници на четири германски аеродроми – Франкфурт, Минхен, Келн и Бремен. Протестите можат да влијаат на околу 90.000 патници.

„Луфтханза“ наведе дека кон штрајкот ќе се приклучат вработени задолжени за безбедноста и одржувањето на аеродромите.

Штрајкот е дел од спорот за плаќањето во јавниот сектор, кој вклучува и компании за комунални услуги, детски градинки и општински администрации, рече АП.

Синдикатот инсистира на зголемување од 6 проценти или најмалку 200 евра за речиси 2,3 милиони луѓе кои работат во јавниот сектор.

Share.