Откажани 400 летови откако почна најголемиот штрајк на „Рајанер“

0
164

Денес пилотите на најголемиот европски авионскиот превозник „Рајанер“, започнаа со најголемиот штрајк во историјата на компанијата.

За таа цел околу 400 летови се откажани, а штрајкот првично е најавен дека ќе трае 24 часа. Во него се вклучени пилоти од Белгија, Шведска, Холандија, Ирска и Германија.

Со оваа одлука најпогодени се 55 илјади патници, најмногу од Германија, односно 42 илјади. Пилотите инсистираат на нов договори со поголеми плати и подобрување на работните услови.