Откако дознал дека е заразен со корона намерно кашлал во сопругата и ја заразил

Маж во Австрија (63) толку бил налутен на својата поранешна сопруга (70) така што кашлал во неа со цел да ја зарази со корона вирусот.

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува АР.

Мажот беше осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со Ковид-19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееја во истата куќа, а пред да се разведат.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашлал кон 70-годишничката откако дознал дека е позитивен на корона вирусот, изјави портпаролот на судот.

Тој бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедил да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да ѝ исплати 1.000 евра отштета на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекција со Ковид-19.

Претходно пак маж од американската сојузна држава Мисури е обвинет за терористичка закана откако кашлал врз купувачи и напишал Ковид на фрижидер во една продавница.

Џон Свалер од градот Куба е обвинет и завршил во притвор, а одредена му е кауција од 25.000 долари.

Вработените во продавницата повикале полиција откако 33-годишен маж намерно кашлал врз купувачите, „дишел врз фрижидерот“ и на неговата внатрешна страна напишал Ковид.

Сподели