По завршувањето на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ корегирана е грешката на официјалната интернет страница, каде во текот на целиот фестивал беа згрешени имињата на браќата Манаки.
Милтон беше напишан како Јанаки, а Јанаки како Милтон.

На ваквиот пропуст на фестивалот имаше бројни реакции во јавноста, особено што во нивна чест се организира истиот и филмски работници од целиот свет доаѓаат во Битола.
Деновиве фестивалот изврши корекција и сега се со своите точни имиња.












