Отповикан палестинскиот претставник во Вашингтон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, го отповика палестинскиот претставник во Вашингтон откако САД ја отвори својата нова амбасада во Ерусалим. Ова го соопштил главниот палестински преговарач, Саеб Ерекат, во изјава за една палестинска телевизиска станица.

Главниот претставник на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон, Хасам Зомлот, веќе е на пат кон палестинската територија, објави „Ројтерс“.

makfax.com.mk

Share.