Отстрането „Република Македонија“ од зградата на владата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утринава владината фасада осамна без натписот „Владата на Република Македонија“, со цел согласно Договорот од Преспа да се постави новото уставно име кое ќе ја содржи придавката „Северна“.

Отстранувањето на буквите со фотографија го објави порталот „Сакам да кажам“ на која се гледа дека ги нема повеќе буквите.

Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето.

Новиот натпис, пак, ќе биде поставен на владината фасада откако во Службен весник ќе биде објавено дека Грција ги ратификувала Договорот од Преспа и протоклот за членство на Македонија во Алијансата.

Share.