Поради ниските температури, вчера во попладневните часови се појави застој на механизмот (механичкиот дел) на Градскиот часовник. Екипи од општина Битола, утрово успешно интервенираа, така што дефектот е отстранет и часовникот на Саат кулата, повторно е ставен во функција и покажува точно време, се вели во информацијата од Општина Битола.











