ОУ„Климент Охридски“ дел од меѓународен проект за социјална инклузија

0
1002

Со културно уметничка програма ги пречекаа своите сооученици и наставници од Белгија, Италија, Бугарија и Турција. ОУ „Климент Охридски“ до сабота е домаќин на 70 наставници и ученици од овие земји. Училиштето е прво во регионот кое што добива грант од Еразмус + програмата за социјална инклузија на учениците, и е дел од овај меѓународен проект.Идеата за што поголема социјална инклузија на учениците од ранливите групи од страна на ОУ„Климент Охридски“ била претставена минатата година, при што координаторот Белгија овозможил националната агенција преку европскиот комесарјат истата да ја прифати. Координатори на проектот се наставничките Андријана Мигуловска и Виолета Стевановска.

-Со овај проект ќе ги покажеме ефектите за различните активности кои што секој во својата држава ги реализира во училиштето. Целта е поголема инклузивност на тие деца особено за време на одморите, за време на вон наставните активности, а најмногу поради тоа што учениците се повеќе се затвораат, се помалку има дружба, се повеќе се пред компјутерите, значи со овај проект ќе ги вратиме старите дружби, начините и методите со кои што се повеќе децата ќе се дружат и нема да се затвораат во себе. Оние маргинализирани дечиња да бидат што повеќе вклучени во процесот на наставниот и вон наставниот дел во училиштето, рече Андријана Мигуловска, координатор на проектот.

Ваквите проекти се голема придобивка за сите бидејќи од сето ова се развиваат вештините кај учениците, се раѓаат нови другарства и пријателства и се разменуваат различни методи на работа.


-Овој проект за нашето училиште има големо значење, бидејќи децата пред се се запознаваат со различни култури, се дружат, бидејќи тие цела недела ќе бидат заедно, како во училиштето така и надвор од него.Позитивно е и за наставниците бидејќи ќе се овозможи размена на добри практики, начини и идеи за методи на работа,како и понатамошна соработка, рече Гордана Анастасова в.д. директор на ОУ„Климент Охридски“.

Во рамки на проектот гостите покрај активностите во училиштете ќе имаат можност да посетат и неколку градови во Македонија. Проектот насловен „Да ја обоиме иднината“, ќе заврши во 2019 година кога ученици од ОУ„Климент Охридски“ ќе бидат гости кај своите соученици од Белгија и Турција, кога и ќе бидат презентирани резултатите од целокупниот проект. Воедно учениците ќе имаат можност да видат во какви услови учат нивните соученици од ове земји.