ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ дел од глобалниот проек Еко училишта

0
647

И Битола се вклучи во одбележувањето на Денот на планетата земја.Учениците заедно со своите наставници од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ на интересен и креативен начин, преку игра и забава, потсетија на важноста за опстанок на планетата Земја и здравјето на луѓето.Преку песни, драматизации, и работилници ја испратија пораката за почиста и здрава животна средина .

Во проктот насловен „Еко училишта“ по повод одбележувањето на Денот на планетата земја 22 април биле вклучени учениците кои што ја следат редовната настава, учениците од посебните паралелки и децата од пред училишна возраст од Центарот за ран детски развој.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.