Очекува голема казна за протекување лични податоци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека очекува американските власти да и изречат рекордна казна од меѓу три и пет милиони долари, поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа.

Најавата следи откако минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на „Фејсбук“.

Извори од компанија информираа дека „Фејсбук“ веќе издвоил три милиони долари за да ја плати очекуваната казна што ќе ја изрече Комисијата.

 

Share.