ОЈО со истрага за Антикорупциска

0
143

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција.

Ревизијата на УЈП, како што објавија медиумите, констатирала нерегуларности со тоа што на членови на ДКСК им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници врз основа на неверодостојни патни налози. Некои од нив не доаѓале на работа, туку само на седници и поднесувале по три патни налози за ист ден.

Владејачкото мнозинство денеска побара оставки од членовите на ДКСК поради наводите во ревизијата. Потпретседателката на Собранието и пратеник на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски истакна дека законодавниот дом како орган надлежен за избор на членовите на комисијата ќе покрене постапка за нивно разрешување.