Павлополус бара да се чепне во уставот:Грчкиот претседател ги очекува овие промени од Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Името на Македонија може да се реши само кога го негира иредентизмот бидејќи тој е во спротивност со меѓународното право и европско законодавство, вели грчкиот претседател Прокопис Павлополус.

Тој на состанокот со својот грузиски колега Гиорго Маргавелашви уште еднаш го повторил својот став за Македонија, кој бара уставни промени, отстранување на иредентистичките позиции , а потоа и решение на проблемите и евроатланска интеграција.

„Да се најде решение за името на овие две земји, кое за жал постои во нејзиниот Устав, и затоа мора да се промени тој“, вели Павлополус.

Тој смета дека Македонија би требало да се откаже од иредентизмот, да донесе промени во правниот систем, посебно во Уставот, како би се нашло решение за спорот и дури тогаш ќе се најде се откочи процесот на интеграции во НАТО и ЕУ.

faktor.mk

Share.