Промена на уставот, име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции, ова, според грчкиот претседател Прокопис Павлополус, се предусловите за решавање на спорот за името и постигнување договор меѓу Атина и Скопје.
Според грчкиот претседател, потребна е промена на уставот како основен предуслов за решение, но и „за заштита на самиот премиер на ПЈРМ“. Павлопулос вели и дека ставот на Грција е јасен и е во согласност со меѓународното и европското право.