Падна снег во Црна Гора и Босна и Херцеговина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во северниот дел на Црна Гора падна снег и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.

На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.

Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.

Жителите на Корчаница, кај Сански Мост во Босна и Херцеговина, ги изненади снег во мај.

 

Share.